| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово со алармно високо загадување, СДСМ не мрда ни со прст

СДСМ нема никаков план и не презема мерки за состојбата со загадувањето во Куманово, каде, како што соопшти денеска, синоќа ПМ 10 честитичките достигнале 1.000 милиграми на метар кубен и градот бил најзагаден во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

alarm

–  Загаденоста е 10 пати повеќе од дозволената. Ситуацијата е сериозна. Благодарение на СДСМ, кои повеќе од 27 години владеат со Куманово, градот секојдневно умира од тивка еколошка катастрофа од загаденост и водење негрижа за градот. Жално. Како последица на рекордното загадување, со години во Куманово во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања кои се резултат на негрижата на локалните власти, се вели во соопштениото.

Според ВМРО-ДПМНЕ, не е реализирарано ништо од најавената гасификација на градот од страна на СДСМ. – Единствено гледаме рушење рекорди со цената на гасот во Струмица, каде што Заев го набавува под сомнителни околности и суми. Ги нема никаде ниту професионалните платеници од еколошките НВО на СДСМ и Сорос, кои што се активираат само по нарачка, наведува во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top