Чеченецот Ибрагим Тодашев утрово бил убиен од агент на ФБИ откако бил доведен во врска со бостонскиот бомбаш Тамерлан Царнаев.
Американските медиуми пренесуваат дека не е познато како се случило убиството, освен што ФБИ издало кратко соопштение во кое се вели дека инцидентот настанал кога агентот се обидел да го испраша осомничениот во врска со терористичкиот напад.
– Истражуваме како се случило. Осомничениот почина и сега немаме повеќе информации, се вели во соопштението на ФБИ.
По нападите во Бостон полицијата испраша многу пријатели и познаници претежно од чеченската заедница во САД.
Во последните неколку денови бил испрашуван и поранешниот чеченски борец Муса Кацимуратов кој добил азил во САД по војната во Чеченија. Откриено било дека тој неколку недели пред нападот во Бостон се состанал со Тамерлан во неговиот дом во Њу Хемпшир.
Кацимуратов и неговата сопрува сепак тврделе дека немаат врска со нападите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


