| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп планира да ги остави во сила санкциите против Русија наметнати поради кибер нападите

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп има намера, во прво време по преземањето на функцијата, да ги остави во сила санкциите против Русија, воведени од владата на Барак Обама, најави во интервју за „Волстрит џурнал“.

Трамп изјави дека може да ги укине санкциите воведени кон крајот на декември како одговор на наводните руски сајбер напади, ако Москва докаже дека е корисна во борбата против тероризмот и постигнување на други цели, важни за Вашингтон.

Тој рече дека е подготвен да се состане со рускиот претседател Владимир Путин, откако ќе стапи на должност на 20 јануари.

– Тие би сакале да се сретнеме и јас целосно се согласувам со тоа, истакна Трамп.

Прашан дали ја поддржува политиката за „една Кина“, Трамп одговори: Се е предмет на преговори, вклучувајќи и „една Кина“. Тој ги налути Кинезите, откако прифати телефонски повик од тајванската лидерката Цај Ингвен по победата на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top