Според најновите утрински информации на Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот на автопатот Гостивар – Тетово кај клучка Жеровјане е нормализиран.
Забрана за секаков вид на сообраќај од утринава има на патот Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села.
Ширум земјава сообраќајот се одвива во зимски услови.
Информациите на АМСМ се дека слаб дожд е забележан низ цела држава, додека слаб снег врне на П.Шапка, Стража, Маврово и Буково.
Возачи не заборавајте да имате зимска опрема доколку патувате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.