На 14 јануари почнува Новата година според јулијанскиот календар и тогаш се слави Свети Василиј, а на тој ден домаќинките месат василици за да ги израдуваат домашните и првите соседи за целата година да им помине во слога и пријателство.
Василиците традиционално се подготвуваат на 1 ден од јануари според јулијанскиот календар односно на 14 јануари по грегоријанскиот календар. Може да бидат и солени и благи, но едно им е заедничко: се месат со многу љубов и се јадат топли! Колачите наречени василици се подготвуваат од лиснато тесто, а некои се преливаат со мед. Исто така василица е назив и за проја која во некои краишта се служи на 14 јануари со тоа што се украсува на свечен начин.
Слатките василици се шараат така што неколку стракчиња слама се врзуваат со конче, па потоа со врвовите се боцка тестото и така се формираат дупчиња во облик на крст. За пројата-василица домаќинката со ист таков сноп ќе извади малку од тестото кое потоа му се дава на добитокот за да биде напреден и здрав цела година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати