| четврток, 6 декември 2018 |

Уставен: парно ќе плаќа секој

парноУставниот суд пресече. Не помина иницијативата за оценка на уставноста на одлуката исклучените граѓани на Топлификација да и плаќаат фиксен износ за греење. Износот на надоместокот го определува Регулаторната комисија.

Според судот, во вертикалните системи каде има еден уред, исклучените станови од греење сепак добиваат енергија, па според тоа снабдувачот има основа да им испорачува сметки и да наплаќа надомест од граѓаните. Уставните судии одлучија да поведат постапка за два члена од правилата за снабдување со топлинска енергија. Судот пресече дека нема потреба од согласност од станарите за поединечно исклучување на парното во колективните згради, додека пријавувањето на нелегално користење на парното е во надлежност на снабдувачот, а не како што беше досега. на управителот на станбениот објект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top