| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва дочек на Нова Година по јулијанскиот календар

Верниците вечерва ќе слават дочек на  Нова Година по јулијанскиот календар.

Црквата утре слави  три празници Обрезание Господово, Василиј Велики и Стара Нова Година.  Во храмовите  ќе се служи светата Василијева  литургија и ќе се  обележи  осмиот ден од раѓањето на синот божји, денот кога го добил името Исус. Традиционално  верниците и  за Василица во кругот на семејството  си делат пита или  лепче со паричка.

Според житието, Василије Велики се смета за еден од најголемите Отци во Христовата Црква кој живеел во 4от век во Кападокија, важи за мудар и дарежлив кој успеал да го избрка злото на епархот кој бил алчен човек и  со својата војска  го ограбувал градот. Лепче со паричка за прв пат тој поделил откако претходно го побарал сето богатство од народот за да му го понуди на епархот, кога тој одбил да го земе, св. Василије во лепчиња ги распределил златниците и ги разделил по луѓето во храмот. На тој начин секој повторно ги го добил она што го понудил. Од тогаш овој обичај прераснал во традиција. Се верува дека оној кој ќе ја пронајде паричката го добива благословот на Василиј Велики за претстојната година.

Во црквата се смета како голем поборник за православната вера и основач на монашката традиција во источното православие.

Во зависност од кој крај потекнуваат, верниците и вечерва палат огнови и на тој начин симболично ја испраќаат старата година. Со греена ракија, чај, сокови и сендвичи  по 21 пат вечерва ќе се одржи и Мичуринската средба . Минатогодишниот кум градоначалникот Коце Трајановски ќе го предаде кумството на централната манифестација. Означувањето на Стара нова година е предвидено да биде со голем огномет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top