| четврток, 6 декември 2018 |

Жени ги открија вистинските причини зошто се забавуваат со постари мажи

Неколку припаднички на понежниот пол ги откриле вистинските причини поради кои се забавуваат со постари мажи, а парите и сигурноста која ја чувствуваат покрај нив секако е предност.
Вечно прашање е зошто жените отсекогаш ги преферирале постарите мажи, а сега неколку од нив одлучиле да дадат одговор на тоа прашање.

Какви години?

-Не мислам дека е страшно што моето момче е 15 години постаро од мене. Кога ќе ги поминете дваесеттите, годините повеќе не се важни во врските и односите. Навистина не се. И покрај разликата во години, ние секогаш имаме теми за разговор и животите ни се многу слични. Ако не кажам колку години има, луѓето мислат дека разликата помеѓу нас е можеби пет години бидејќи тој изгледа помладо, вели 34-годишната Дебора.

Ме мотивира

-Јас имам 21 година, а тој 33. Наскоро ќе дипломирам и ќе барам работа. Тој е програмер во една фирма. Јас и понатаму се обидувам да се напијам за викендите за помалку од 10 долари, а тој излегува во клубови и нарачува шишиња пијалок. Речиси немаме ништо заедничко, но тоа ми се допаѓа. Поинаков е од мене и од моите пријатели во позитивна смисла и ми помага да сфатам дека морам да се фокусирам на кариерата откако ќе добијам диплома. Нему му се допаѓа што сум млада, забавна и динамична, вели 21-годишната Кара.

Посигурна сум

-Забавувањето е добра идеја ако барате некој кој е зрел. Ми се допаѓа моето момче иако сме заедно само 3 месеци, бидејќи се чувствувам сигурно и пријатно покрај него. Кога се забавував со момци на моја возраст морав сама да ги плаќам вечерите, концертите и впрочем, нивните животи. Со моето ново момче повеќе и не го носам паричникот со мене, вели 23-годишната Ешли.

Привлекуваме внимание

-Кога моето сегашно момче ми се додворуваше, јас го одбивав со зборовите дека изгледа како да ми е татко. Постар е од мене само 11 години, но сепак! Полека нашето пријателство достигна ново ниво и еве сега сме во врска веќе две години. Повеќе ни тоа не е чудно, но тоа не ги спречи луѓето чудно да не` гледаат кога одиме по улица, вели 25-годишната Криста.

Парите не се проблем

-Се забавувам со некој кој е речиси 20 години постар од мене, а нерадо признавам дека најмногу ме привлече тоа што има пари. Не се работи за пари кои се стекнати на брзина и кои сака да ги потроши на глупости по секоја цена, туку станува збор за посветен начин на живот. Го сакам таквиот вид на сигурност и самата помисла дека покрај него парите никогаш нема да ми бидат проблем, вели 33-годишната Мери.

Помалку драма

-Мојот совет за девојките е да се забавуваат со некој кој е постар од нив. Тоа е моето златно правило во љубовта. Сакам да се забавувам со постари мажи бидејќи има многу помалку драма во приказната. Сите кажуваат што мислат и како се чувствуваат. Има многу помалку кавги и непредвидени ситуации. Моето сегашно момче е 10 години постаро од мене, вели 31-годишната Џеки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top