Македонец, гастарбајтер во Италија, се соочува со обвинение за измама, бидејќи лажирал дека е тешко повреден на работното место, па наместо на работа, одел на риболов и се коцкал во обложувачници додека редовно примал плата, пишуваат италијанските медиуми, a пренесува „Дневник“. Сопственикот на фирмата од Саркедо, гратче во провинцијата Виленца во Северна Италија, во која нашинецот работел повеќе од десет години, се посомневал во вработениот, па ангажирал приватен детектив, кој ја открил измамата.
Прво биле три дена, а потоа уште четири, пет, шест. Деновите станале недели, неделите – месеци. Премногу за тоа што, според сите информации, било само мала повреда на работа предизвикани од несмасноста на вработениот.ж
Сомнежите на Хуго Чило, сопственик на компанијата „СПФ Чило“ дека неговиот вработен Реџехан Демоски (33) не е навистина болен, станале реалност кога приватниот детектив ангажиран од фирмата на бирото му оставил папка со докази за активностите на „повредениот“ работник. Иако не станува збор за заплет од шпионска приказна, ниту за вработен во јавниот сектор, случајот на демаскирањето на Демоски, вработен во фирмата за изработка на пресувани предмети од метален лим, ја заинтригира италијанската јавност.
Приказната почнала на почетокот на септември, кога Демоски, кого „СПФ Чило“ го вработила пред повеќе од десет години, паднал на работното место и удрил со главата во подот. Нашинецот заминал во локалната болницата, каде што лекарите утврдиле дека не е ништо сериозно и оти Демоски ќе треба да одмора три дена.
Но од непознати причини, повредениот работник одлучил да го продолжи „одморот“ и да извлече максимум од инцидентот, па отишол во Националниот институт за осигурување на несреќи на работното место. Таму Демоски го издејствувал првото продолжување на боледувањето. Тој на надлежните им се пожалил дека има ужасни болки во главата од падот, која го спречува нормално да ги извршува работните активности. Македонецот, кој живее во Басано, кога доаѓал во Институтот бил повлечен и исплашен, велејќи дека има толкави болки, што не им дозволувал на лекарите да го прегледаат и да му го допрат лицето.
Целата приказна прочитајте ја на „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.