Небојша Глишиќ(42) возач на автобусот кој пред два дена удри во куќата на пејачката Цеца, рекол дека тоа што го возел не бил автобус, туку санка.
-На улицата имаше страшно многу снег. Како воопшто да не беше чистена. Кога сфтив дека е опасно да се спуштам, веќе беше доцна – рекол возачот.
Таа вечер, како и секоја друга, возел по трасата која ја познава како својот џеб.
-Кога видов дека улицата е непроодна, почнав да кочам, но беше предоцна. Автобусот почна да лизга, го исфрлив од брзина, престанав да кочам, а потоа размислував како да го запрам- рекол Глишиќ.
За среќа никој не бил повреден.
-Да имаше пешаци или автомобили, ќе морав на брзина да оберам во која бандера ќе удрам за да се запрам. Вака само го пуштив автобусот додека не тргна кон бетонската ограда на куќата. На патниците им реков црсто да се држат за шипките и да внимаваат еден на друг, а јас на автобусот. Ме послушаа и на крајот се се заврши добро- раскажал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.