1.Белиот фустан на Мерилин Монро
Коктел фустанот кој го носеше холивудската актерка во позната сцена од филмот „Седум години верност“ во подземната железница е продаден на аукција во 2011 година за 4,6 милиони долари. Го дизајнираше Вилијам Травил, кој со Монро работел на дури осум филма.
2. Домашниот фустан на Џули Ендрјус
И најобичен фустан за по дома може да има голема цена. Фустанот од филмот „Моите песни, моите соништа“ од 1965 година е продаден за аукција за 1,56 милиони американски долари.
3. Црниот фустан на Орди Хепберн
Таа го направи славен „малиот црн фустан“, а посебено е елегантен вечерниот модел без ракави на „Живанши“ кој го носеше во филмот „Појадок кај Тифани“. Продаден е за 900 илјади американски долари.
4. Венчаницата на Кејт Мидлтон
Овој фустан го изработи главната дизајнерка на марката Александар Меквин, Сара Бартон. Фустанот со тантела чинише 250 илјади британски фунсти.
5. Фустанот на принцезата Дајана
Фустанот кој принцезата Дајана го носеше на свечената вечера во Белата куќа во 1985 година е продаден за 100 илјади фунти.
6. Фустанот за Оскар на Кејт Бланшет
Последните две места се на Кејт Бланшет и нејзините појавувања на доделувањето на филмските награди Оскар. Во првиот фустан на Армани обложен со кристали Сваровски во 2007 година Бланшет блескаше, а тој чиниеше 200 илјади американски долари.
7. Уште еден фустан на Бланшет
Армани беше избор на Бланшет и во 2014 година. Фустанот со боја на пудра чинеше 100 илјади долари. Целиот изглед заедно со накитот и чевлите беше проценет на 18,1 милион долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст