На прв поглед, доменот “me” е работа на сопственикот, но “me” пронашол значително поширока публика, при што многу светски брендови ја вовеле таа екстензија, вклучувајќи ги и Вордпрес, Фејсбук и Пејпал.. Таа кратка екстензија засекогаш ја променила Црна Гора.
Речиси секоја држава има единствена екстензија на доменот. На пример, Македонија го има „.mk“, Канада „.ca“, Велика Британија има „.uk“, Данска има „.dk“. Пред независноста Црна Гора ја користела екстензијата на доменот „.cg.yu“, а по осамостојувањето во 2003 г. на Црна Гора ѝ била доделена екстензијата „.cs“, но таа никогаш не заживеала.
По референдумот, владата на Црна Гора во 2007. година распишала барање за понуда, а победила црногорската компанија “doMEn Ltd”, која склучила петгодишен договор со владата за користење на овој домен, но договорот бил продолжен за уште 10 години, до 2023.
Два проценти од црногорскиот извоз
Во март 2016. година, екстензијата “.me” забележела повеќе од милион регистрации, нповеќе од ccTLD Хонг Конг, Ирска и Сингапур заедно.
Според податоците на Заводот за статистика на Црна Гора МОСТАТ, вкупната вредност на извозот на земјата во 2015. година изнесувала 317,2 милиони евра, додека според зборовите на Предраг Лешиќ, главниот извршен директор на регистерот “.me”, вкупниот приход од имиња на домени со екстензијата “.me” изнесувал 6,5 милиони евра. Тој вели дека приходите од имињата на домените всушност припаѓаат во категоријата приходи од телекомуникации, но дека повеќе од 99 проценти од овие домени се регистрирани надвор од земјата.
Во суштина, “.me” е заслужен за нешто повеќе од два проценти од вкупниот извоз.
Како и екстензиите “.com” и “.net”, голем удел од “.me” регистрациите се наоѓаат во сопственост на физички и правни лица од САД и Кина.
Црна Гора не само што добила дигитален производ баран ширум светот, туку и во значајна мерка го искористила во корист на локалната економија. На пример, во рамките на програмата за корпоративна социјална одговорност “Domain.me”. од 2013. година ја организира конференцијата “Spark.me” во Будва.
Конференцијата привлекува учесници од сите сектори на технолошката индустрија, па така била домаќин на Мет Маленвег, творец на “WordPress”, на Петер Сунде Комисопи, коосновач на “PirateBay” и Кристофер Фабиан, еден од основачите на Секторот за иновации при УНИЦЕФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.