| четврток, 6 декември 2018 |

Со породилни болки Елена од Брест пешачела три часа по снег и студ

Елена и Миле Здравевски од селото Брест преживеале вистинска драма. Храбрата Елена за да го роди своето трето дете, кога добила породилни болки, пешачела на снег од 40 сантиметри, на температура од -20, пишува „Нова Македонија“.

Храбрата Елена на свет донела здраво женско бебе.

-Утрото на 9 јануари никогаш нема да го заборавам. Во раните утрински часови мојата сопруга наеднаш доби силни породилни болки. Се најдовме пред сериозно искушение како да стигнеме до најблиската болница. Висок снег со многу наноси, минусни температури и патна делница од седум километри требаше да се совладаат од нашето село до селото Самоков. Одлучивме да тргнеме пеш, бидејќи немаше друго решение. Јас одев напред за да го пробијам снегот, а по моите стапки одеше сопругата. И така повеќе од три часа – раскажува за подвигот Миле Здравески од селото Брест

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top