Европската комисија денеска порача дека продолжува да дава целосна поддршка на Република Македонија и останатите земји што не се дел од Европскаtа унија, а се наоѓаат на западнобалканската бегалскаска рута за справување со бегалската криза.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Еврокомисијата задолжена за миграцијата, Наташа Берто, денеска на прес-конференицја во Брисел, исто така, потврди дека Унијата ги оддржува редовно видео-конференциите со одредените контакт-личности од земјите на западно-балканската рута и дека обезбедува финансиска поддршка за активностите поврзани со миграцијата.
– По минатогодишниот состанок на лидерите на земјите од Западниот Балкан, воспоставена е група за разменување на информации меѓу партиципентите, како земји-членки на ЕУ, така и земји од Западниот Балкан. Ова продолжува да се одржува на секои две недели, каде продолжуваме да имаме видео-конференции меѓу партиципитентите, за тие да споделат информации, да планираат заедно и да ги координираат своите напори за миграцијата и граничното управување. Инаку, Еврокомисијата ги обезбеди кандидатите и потенцијалните кандидати од Западниот Балкан со значајна финансиска и техничка поддршка за активностите што се поврзани со миграцијата и бегалската криза, посочи портпаролката Берто.
Според гласноговорничката на Европската комисија задолжена за миграциски прашања, помошта што официјален Брисел и ја дава на Македонија и другите земји-кандидати за членство во ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), но и преку посветени програми и хуманитарна помош. Исто така, според Берто, помошта доаѓа и преку финансирање од посебниот фонд за Сирија кој изнесува 600 милиони евра.
– Ние продолжуваме да ја нудиме нашата целосна поддршка на земјите од Западен Балкан, заклучи портпаролката на ЕК, Наташа Берто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст