Трансплантацијата на органи е ризичен процес бидејќи секогаш постои шанса телото на пациентот да го одбие новиот орган, понекогаш оставајќи го дури и во полоша состојба отколку таа во која што бил пред трансплантацијата.
Стартап компанијата Микроматрикс Медикал смета дека има решение за овој проблем.
Според Роберт Коен, извршниот директор на компанијата, тие со процесот наречен перфузивна децелуларизација и рецелуларизација креираат биолошки целосно човечки орган за трансплантација – почнуваат со орган од свиња од кој што се отстрануваат сите клетки кои човечкото тело ги отфрла како животински и се внесуваат човечки (по можност од реципиентот) за органот повторно да се „изгради“.
Процесот вклучува уште многу други фази, но клучен е фактот дека свинските органи со човечките се многу слични во големина, структура и функција.
Коен нагласува дека Микроматрикс Медикал е прва и за сега единствена компанија со технологија способна комплетно да децелулизира орган, задржувајќи му ја целосната структура и форма.
Тие сега засега работат со црниот дроб и бубрезите, бидејќи обезбедување на неограничено снабдување со бубрези би ја елиминирало дијализата.
Нивниот план до крајот на 2017 е да им успее процесот на вадење на црниот дроб од свињата и негова замена со еден од нивно производство, со што би се спасил нејзиниот живот. Човечки имплант од овој тип се очекува до крајот на 2019, по што ќе се работи на производство на бубрег, па на белодробно крило, па на срце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст