| четврток, 6 декември 2018 |

Шверцувал претоварен шлепер со зеленчук-сакал да помине со поткуп од 50 евра

zelencuk

Средовечен тетовец се обидел со 50 евра да поткупи полицаец за да му дозволи да прошверцувал цел шлепер со зеленчук.

Покрај кривичната пријава за шверц, добил и пријава за давање поткуп, а можеби ќе заработи уште една пријава бидејќи шлеперот му бил претоварен.

МВР јави дека регионалниот центар Север поднел кривична пријава за Н.А(51) од село Горно Палчиште, Тетовско за кривично дело давање поткуп.

Завчера околу 10.20 часот, на магистралниот пат Скопје-Блаце, кај клучката Визбегово, е извршен преглед на товарно возило и е пронајден разновиден зеленчук без соодветна документација, а притоа е утврдена и претовареност на возилото. По ова, пријавениот на еден од полициските службеници му понудил 50 евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top