| четврток, 6 декември 2018 |

Важна информација за возачите на тешки товарни возила

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утринава од 9:30 часот дека од страна на грчките погранични органи на граничниот премин Евзони отпочна пропуштањето на тешките товарни возила кои чекаа за влез во Грција во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од лошите временски услови и состојбата на патиштата.

Во моментов се уште во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 товарни возила кои чекаат за влез во Р.Грција.

Исто така Министерството за внатрешни работи известува дека на ГП Дојрани сеуште трае забраната за влез на товарни возила во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top