| четврток, 6 декември 2018 |

Потпишал задолжница со празна трансакциска сметка

prazen novcanik paricnik

Жител на Свети Николе издал задолжница од 5.000 евра иако немал ниту денар на неговата трансакциска сметка.

Полициската станица во овој град поднела кривична пријава за Б.З од Скопје за кривично дело издавање задолжница без покритие

Пријавениот, на 1.10.2012 година, како управител на трговското друштво „Трго тет груп“ ДООЕЛ – Скопје, при купопродажба на сирење од ТД „Милк деј“ ДООЕЛ – Свети Николе кај нотар во Свети Николе со свој потпис и печат заверил задолжница со која се согласил побарувањето во износ од 300.000 денари да се наплати на неговата сметка иако знаел дека нема парични средства на сметката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top