| четврток, 6 декември 2018 |

Сиена Милер и Бен Афлек секс-сцени снимале девет часа: Солзи ми течеа низ лицето

Актерката Сиена Милер открила колку ѝ било непријатно да ги снима сцените со секс со колегата Бен Афлек и тоа цели девет часа.

Сиена зборувала за улогата во филмот „Live by Night“, а посебно се осврнала на денот кога ги снимале сцените со секс.

– Бен и јас сме како брат и сестра па не ми беше страшно непријатно, но многу се смеевме. Тој е голем професионалец, јас не сум. Кога го прочитав сценариото, сфатив дека треба да водиме љубов секаде – во автомобил, во бар… Си помислив: „Боже, па ние цел ден ќе снимаме љубовни сцени. Како тоа да го изведам? “ – се присетува Сиена во разговорот за „Е!“.

Актерката открила дека снимањето траело девет часа, а дека во еден момент умирала од смеење па ѝ течеле и солзи низ лицето. Сепак, успеала да се смири и да го одработи снимањето до крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top