Во присуство на роднините и пријателите, 38-годишната Данијела Пантовиќ, мајка на три деца, беше испратена во вечниот дом откако нејзиниот сопруг случајно ја застрела во домот.
47-годишниот Владимир Пантовиќ за погребот беше пуштен од притвор за да и каже последно збогум на саканата.
Сите повторувале како Данијела и Владимир имале одличен брак, имале љубов и разбирање, па со неверување во очите говореле за српскиот Ало, дека никој не очекувал ваква трагедија.
– Неодамна бевме на слава, таа слика од нив двајца не ми излегува од глава. Беа насмеани, заљубени, играа, се држеа за рака, а сега сме на нејзиниот погреб, вели пријател низ солзи.
Пријателите на Владимир не веруваат што се случило, тој одел на риболов, имал пушка и муниција, но велат бил искусен.
Трагедијата се случи додека семејството дома имало пријател на кој Владимир му ја покажувал пушката. Тој ја застрелал сопругата не знаејќи дека има куршум во цевката.
Сега е вратен во притвор каде ќе помине 30 дена до сослушувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст