| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија возови во Нови Сад – над 22 повредени (Фото)

Повеќе од 22 патници се повредени синоќа на пругата Белград – Нови Сад при судир на два воза.

Машиновозачот не е повреден, а меѓу повредените има и едно дете.

До судирот дошло околу 19:30, часот, а причината за несреќата се претпоставува дека се лошите временски услови и слабата видливост.

„Сите повредени се згрижени и пренесени во Ургентен центар за понатамошно лекување“, изјавила д-р Билјана Васиќ, портпаролка на Брзата помош во Нови Сад.

Како што пренесува „Танјуг“, еден патнички воз со брзина од 15 километри на час удрил во товарен воз.
0816594

0816523

0816352

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top