| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени двајца осомничени за поврзаност со нападите во Париз и во Брисел

napad

Белгиската полиција синоќа во бриселското предградие Лакен уапси две лица под сомнеж дека се поврзани со терориситчките напади во Париз во ноември 2015 година.

Според електронското издание на весникот „Дерниер Јор“, полицијата привела маж и жена, кои покрај за врски со нападите во Париз, се осомничени и дека им пружиле логистичка поддршка на браќата Бакрави, кои се разнесоа на аеродромот и на една метростаница во Брисел во март минатата година.

– Жената со иницијали М.Б. и нејзиниот пријател Фарад К. одржувале врски со некои терористи во времето кога по нив се трагаше од двете страни на (белгиско-француската) граница, во периодот меѓу нападите во Париз и Брисел – наведува весникот.

За време на акцијата за проведување на двајцата осомничени, белгиските полицајци биле придружувани од припадници на француската полиција и судијка од Париз.

При нападите во Париз на 13 ноември 2015 година беа убиени 130 лица, а во Брисел – 32.

Истрагата покажа дека двата напади биле извршени од членови на една иста исламистичка група, која десјствува на териториите на Франција и Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top