Српското Обвинителство за воени злосторства достави денеска до Министерството за правда на Србија наредба за проширување на истрагата против поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај со нови докази.
Тие до крајот на неделата ќе бидат преведени и проследени во Франција за одлуката за барањето на Србија за екстрадирање на Харадинај, јави Танјуг.
Министерството за правда вчера испрати барање до Франција за екстрадирање на Харадинај со документи од истрагата за злосторства за кои се сомничи, а која е покрената во 2004 година.
Наредбата за проширување на истрагата се однесува за дела кои не се опфатени со истрагата против Харадинај што се водеше од 2004 година врз основа на која е распишана и потерницата против него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.