Прочитав дека се мажите заради пари, па решив тоа го растурам тој брак, вели Бјела во сцената снимена во хеликоптер, а Брена му одговара: “Тоа не е вистина! Што треба да сторам за да ми поверувате дека јас навистина не се мажам?” “Па еве: да ме бакнете”, и предлага Бјела. Токму сочниот бакнеж од филмот е нешто на кое пејачката се сеќава со задоволство.
-Станко Црнобрња ми рече дека морам да го бакнам Бјела, кој секогаш ми беше симпатичен и сладок. Го бакнав во образ, а тогаш режисерот ми рече да го бакнам сериозно. Му одговорив дека не сум актерка, на што тој ми рече дека ако не го сторам тоа нема ништо од сцената, се присетила пејачката, која уште додала и дека и било посочено бакнежот да потрае.
Повторно го бакнав, но режисерот ми рече бакнежот да потрае. Собрав сили и го бакнав сериозно. Бакнежот беше сладок, морам да признаам. Со денови после тоа си го враќав филмот. Неколку години подоцна зборував со Бјела за таа сцена и тој слатко ми се насмеа, верувам дека нему се му беше рутина, додала Брена и признала дека Боба, кој тогаш и бил тазе момче, воопшто не бил љубоморен на актерот и не ѝ правел сцени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.