Познати личности од светот на филмот и музиката ги споделија своите проштални пораки за Барак Обама на социјалните мрежи по неговиот последен говор како претседател на САД.
Во вторникот вечерта, 44-от претседателот во историјата на САД, Барак Обама се збогува со функцијата на претседател и врховен командант, во завршниот говор во одбрана на неговото наследство, пишуваат американските таблоиди.
Тој, исто така, ги повика Американците да не губат верба во својата иднина.
Како одговор на тоа, многу познати личности ги искористија социјалните мрежи и медиуми да се збогуваат со претседателот. Некои од нив споделија фотографии и изразија загриженост во врска со неговиот наследник.
-Ве сакам повеќе отколку што има место на Твитер за да опишам, напиша познатата актерка и презентерка Елен Деџенерес во вторникот, по говорот на претседателот.
-Веќе плачам. Го сакам мојот претседател, напиша Габриела Унион, a Кери Ваншингтон му порача: „Да, ние можеме!“.
Пораки со силна поддшка дојдоа од низа други познати актери: Стефан Кинг, Џина Родригес, Шерон Стоун, двете споделија заеднички фотографии со него, а Ненси Синатра – ќерка на легендарниот пејач Френк Синатра, со големи букви напиша „Мојот претседател.“
Канадскиот пејач Дрејк, Кети Пери и многу други напишаа срдечни пораки за претседателот во заминување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст