| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанскиот премиер хоспитализиран и итно опериран

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони почувствувал слабост по враќањето од службениот пат од Париз и итно му е извршена хируршка интервенција за проширување на крвните садови, јавуваа во средата италијанските медиуми.

Претседателот на италијанската влада, 62-годишниот Паоло Џентилони, кој должноста ја презема во декември, доживеал колабирање откако се вратил од Париз и итно е примен во болница каде лекарите сметале дека е неопходно да направат итен хируршки зафат, известува информативната телевизија RaiNews.

Зафатот минал добро и Џентилони се чувствува добро и е буден, јавуваат медиумите повикувајќи се на владини извори, и се додава дека премиерот мора да остане неколку дена во болница.

Паоло Џентилони, кој пред еден месец го наследи Матео Ренци кој си поднесе остава по неуспешниот референдум за уставните промени, во моментот е на турнеја низ европските престолнини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top