Некои од највлијателните луѓе во историјата како што се Абрахам Линколн, Џорџ Вашингтон, па претседателот Обама отворено плачеа, а понекогаш дури на јавно место. Психолозите тврдат дека плачењето ја покажува менталната сила на личноста.
Ви носиме неколку причини зашто плачењето е карактеристика на психички силни личности:
Не се плашете од емоциите
Соочување со своите чувства не е секогаш лесно, било тоа да е лутина, тага, депресија или фрустрација. И кога плачете, вие се соочувате со своите емоции.
Сузбивање на тие емоции од друга страна е многу полесно да се направи, особено ако зборуваме за негативните чувства.
Тоа ве прави лидер
Можете да ги ослободите луѓето околу вас, ако отворено плачете поради некои заеднички околности. Одлуката први да заплачете, тоа ќе потикне и другите слободно да ги покажат своите чувства. На тој начин вие сте одлучиле да бидете јаки и тоа вас ве прави вистински лидер.
Способноста да знаете како да се ослободите од стресот пред да го оштетите вашете здравје.
Цврстата структура мора ефикасно да се ослободи од стресот, пред да почне да биде деструктивна. Така и кај луѓето.
Силната личност го ублажува стресот со плачење, пред тоа да предизвика оштетување на здравјето, ако неправилно се соочи со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст