| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот сопруг на познатата фолкерка се самоубил поради неа

Стојанка Новаковиќ или попозната како Стоја е една од најпознатите фолкерки на Балканската сцена. Но таа како што пишуваат српските медиуми, долго време криела голема тајна.

Имено, Стоја уште на 16 години се омажила за својот прв сопруг. По кратко време станала вдовица и останала само со едно дете. Таа изјавила дека нејзиниот сопруг починал во сообраќајна несреќа.

Но, вистината е сосем поинаква.

Мештаните на Зрењанин тврдат дека тој се самоубил, односно скокнал во река во која се удавил бидејќи неговите родители не ја прифатиле Стоја за снаа односно им сметало тоа што таа била кафеанска пејачка.

-Стоја е прекрасна жена. Многу патеше поради нејзиниот прв маж. Многу се сакаа и од таа љубов се роди нивниот син. Набрзо по венчавката почнаа проблемите зошто родителите на нејзиниот маж никако не го одобруваа тој брак- вели сосед на Стоја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top