| четврток, 6 декември 2018 |

Адријана и Марко се повторно заедно

Американските медиуми ги уловиле Марко Јариќ и Адријана Лима заедно! Тврдат дека поранешните сопружници пак се во љубов и дека во Мајами ги поминале божикните и новогодишните празници.

Поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ и неговата бивша сопруга, бразилскиот топ-модел Адријана Лима, пак се заедно!

Како што американските медиуми пренесуваат, спортистот и ангелот на „Викторијас сикрет“ решиле на својата љубов да ѝ дадат уште една шанса, иако се разведени три години, а за нивното смирување придонела сестрата на Марко, Тамара, со која Адријана е многу блиска.

Марко уште на крајот на декември отишол во Мајами за да ги помине новогодишните празници со ќерките Сиера и Валентина, па средбата со Адријана била неизбежна.

– Сестрата на Марко, Тамара, инаку успешна креаторка, остана блиска со Адријана. По нивниот развод тие двете станаа најдобри пријателки и многу време поминуваат заедно. Дизајнерката ѝ пружи поддршка на Адријана од бекстејџот на ревијата во Париз, после што заедно биле на кошаркарски натпревар, а потоа и на летување. Се претпоставува дека токму Тамара е заслужна за тоа што

Адријана и Марко повторно се заедно, бидејќи таа многу влијае на двајцата. Јариќ и Лима новогодишните празници главно ги поминаа дома во семејна атмосфера, строго водејќи сметка веста за нивното смирување да не протече во јавноста – тврдат американските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top