| четврток, 6 декември 2018 |

Ако имате автомобил на дизел, сипајте од овој адитив и горивото нема да смрзне

Дизелот е вид на гориво кое на температура пониска од четири степени под нулата се кристализира.

За да не се случи тоа стручни лица советуваат возачите во резервоарот за гориво да дотурат адитив.

Возачите треба да додадат квалитетен адитив за зима во евро-дизелот а не да купуваат адитивизирани горива. Целта на адитивот е горивото да не се кристализира на температура десет степени под нулата.

– Во автомоилите на дизел нафтата може да смрзне, па треба да се додваат адитиви во горивото. Но не заборавајте дека во разладниот систем имате антифриз – велат познавачите.

Класичен симптом и последица од смрзнување на горивото е неможноста да се вклучи автомобилот, односно моторот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top