Не е пристојно ниту соодветно кога премиер или претседател од соседна земја директно се меша во внатрешни работи. Особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање на влада, бидејќи се испраќаат погрешни сигнали во регионот, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, во однос на прашањето за мешањето на Тирана и Приштина во внатрешните работи на Македонија.
– Секако дека е опасен овој пристап во место со мултикултурна традиција. Многу е далеку од практиката на добрососедството. Доколку сите сме согласни дека иднината ни е во Европа, тогаш борбата е да обезбедиме стабилност, мир, правда и економски просперитет за сите граѓани. Секогаш сме биле крајно коректни во соработката со соседите. Најдобро ќе биде и тие да ни се придружат по тој пат, наместо да се поставуваат мини кои носат ризик за сите, подвлекува Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)