Кога ќе дојде лето, сите во Хонгконг настинуваат. И не станува збор за температурата надвор, туку внатре. Во трговските центри и другите комерцијални објекти во Хонг Конг е многу студено.
Луксузниот мол „ИФЦ“ ја одржува температура од 14,5 степени целзиусови, а во прехранбените продавници температурата може да достигне до 12 степени.
Многу граѓани на Хонг Конг во текот на летото носат јакна во продавниците. Може да ви делува чудно, но силната работа на климатизерите тука се смета за луксуз. Ниту еден мол нема да ја зголеми температурата, бидејќи така ќе загуби од престижот и ќе се смета за помалку луксузен од другите.
Оваа мода има висока цена – климатизерите се одговорни за околу 30 отсто од потрошувачката на електрична енергија годишно, а во текот на летото ова отскокнува и до до 60 отсто!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст