| четврток, 6 декември 2018 |

Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(63) од село Боговиње поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Како што соопшти денеска МВР, на 17 декември 2016 година околу 9:30 часот пред куќата на С.С. во село Боговиње дошол оштетениот О.М.(51), кој без повод и причина му упатил навредливи зборови.

Пријавениот со употреба на метална шипка му задал три удари на О.М., од кои два удари во пределот на грбот и еден удар во пределот на главата, нанесувајќи му телесна повреда. Од здобиените повреди О.М. паднал на земја, по што биле раздвоени од соселани-очевидци на настанот.

Повредениот бил примен во Клиничката болница Тетово, каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top