| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска десеткувана ќе настапи на првиот меч од Светското првенство

2016 European Men's Handball Championship

Селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска, Жељко Бабиќ, е пред големи проблеми во одлуката со кои ракометари ќе отпатува на претстојното СП во Франција, кое почнува утревечер.

На последниот контролен натпревар против Црна Гора поради здравствени проблеми надвор од стројот беа Мандалиниќ, Дувњак и Степанчиќ, а на истиот се повреди Марко Мамиќ, па така сега речиси цела надворешна линија на Бабиќ е ранлива и сè уште не знае со кои ракометари ќе отпатува за Франција.

– Мандалиниќ, Дувњак и Степанчиќ се повредени веќе некој период, а нив им се приклучи и Мамиќ. Се разбира дека ситуацијата не е добра, па сега напорно работиме на решение. Натпреварот против Црна Гора моравме да го одиграме, но тој буквално ништо не ни донесе – изјави Бабиќ.

За денес од 17.30 часот е закажана прес-конференција на која Бабиќ ќе го открие конечниот список на ракометари со кои ќе настапи на СП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top