| четврток, 6 декември 2018 |

Проодни сите патни правци во Гевгелија

sneg-gevgelija-pat-zima

Екипи на јавното комунално претпријатие во Гевгелија, по новите снежни врнежи изутринава, со специјални возила за оваа намена ги поминаа главните сообраќајници фрлајќи сол и ризла кои овозможија сообраќајот непречено да се одвива во градот.

Локалните патишта, исто така, се проодни и по нив сообраќајот се одвива внимателно и забавено. Комуналците потенцираат дека заедно со концесионерите се подготвени да дејствуваат и при пообилни врнежи од денешниве и оти имаат доволно сол и песок.

Ниските температури предизвикаа проблеми во водоснабдувањето. Според информациите од регионалниот Центар за управување со крици во Гевгелија, поради дефекти на пумпите на потисните цевководи по неколку часа без вода за пиење биле Невропсихијатриската болница во Негорци и селото Смоквица. Дефектите се отстранети и водоснабдувањето е целосно нормализирано. Екипите на „Комуналец“ интервенирале и кај 22 семејни објекти кои пријавиле дефекти од замрзнување на водоводните цевки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top