Тим на истражувачи од фармацевскиот гигант „Алкалоид“ дошле до научно откритие, кое го привлекло вниманието на светски научни магазини, како „Kристален раст“ (“Journal of Crystal Growth“). Тие успеале да ја решат непозната структура на соеднинието фолкодин монохидрат.
Познавањето на кристалната структура и полиморфизмот (можност едно хемиско соединение да постои во повеќе различни кристални форми) на секое фармацевтски-активно соединение е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичко-хемиски својства и физиолошка активност. Иако фолкодин монохидратот во вид на капсули и сируп против интензивна сува кашлица се наоѓа во активна медицинска употреба во светски рамки уште од средината на минатиот век, не беше позната неговата кристална структура. Најверојатно, како последица на непознавањето на неговата структура, до сега останаа неразјаснети некои аспекти во врска со физиолошката активност на ова соединение. Нивното разјаснување и дефинирање перспективно може да понуди негова проширена и модифицирана медицинска примена.
Добиените резултати од ова значајно откритие се објавени во реномираното научно списание „Kристален раст“ (“Journal of Crystal Growth“) во вид на оригинален истражувачки труд под наслов „Фолкодин монохидрат: кристална структура и полиморфизам“. Истражувањето е спроведено по иницијатива на м-р Ѓорѓи Петрушевски, вработен во Институтот за истражување и развој на „Алкалоид“ АД Скопје, како дел од неговата докторска дисертација водена под менторство на проф. Петре Макрески од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, a во соработка со колеги од Природословно-математичкиот факултет од Загреб, Р. Хрватска и Институтот за хемија при ПМФ.
Ова научно постигнување претставува огромен успех за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип раководено од македонски научници под покровителство на „Алкалоид“ АД Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци