| четврток, 6 декември 2018 |

Се поблиску до свадбените ѕвона: Принцот Хари го запозна таткото на Меган Маркл!

Запознавањето со семејството никогаш не е лесна работа, но се зборува дека Принцот Хари кралски се снашол со запознавањето на таткото на неговата девојка Меган Маркл.

Заљубената двојка го посетила 72-годишниот татко на Меган во Торонто, каде што актерката работи на снимањето на серијата “Suits”, а изворите велат дека таткото на Меган е многу среќен со нејзиниот љубовен избор.

Полубратот на Меган, Томас Маркл Џуниор, изјави дека таа и Хари изгледале многу заљубени и дека се многу среќни заедно.

-Мислам дека е прекрасно. Се додека ја сака и се грижи за Мег, Хари не мора да прави ништо друго. Ми изгледа како вистински добар човек, а знам дека служеше и војска. Изгледа среќен, ослободен од стресови, и мислам дека ќе биде вистинскиот за Мег, рекол Томас.

Сето ова ги подгреа гласините за можна свадба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top