Овен
Личностите родени во знакот Овен живеат брзо и ретко успеваат да земат здив и да ги забележат малите работи во животот. Токму поради ова тие може да страдаат, освен ако не се одмораат од училиште или работа. Овие личности имаат многу енергија која ја носат со себе во текот на неделата, но кога ќе им се истроши, тие чувствуваат како да ги изневериле другите. Вие сакате сѐ со сета ваша сила, но понекогаш морате да го намалите темпото. Затоа, добро би било да искористите барем еден слободен ден преку неделата и да ја вратите својата енергија.
Бик
Овие личности имаат силна работна етика и сакаат сѐ да завршат навреме. Тешко се соочуваат со неуспехот и наместо да го гледаат како шанса за напредок, тие го сметаат тоа како нивна неспособност. Не сакаат да се мешаат во чувствата на другите, ниту пак да ги повредуваат. Вие треба да бидете малку попустливи кон себе и да не дозволите да ве вознемируваат дури и најмалите работи. Исто така не заборавајте дека немате контрола врз тоа како другите ќе реагираат на вашите зборови, туку само можете да ја контролирате ситуацијата.
Близнаци
Овие личности се многу динамични и комплексни и брзо го менуваат своето мислење. Тие секогаш размислуваат, што може да ги доведе до стресна ситуација. Уживаат во добар разговор, имаат ведар дух, сакаат да водат забавен живот и да бидат со други личности кои имаат иста енергија. Вашиот ум може да ви предизвика стрес, па затоа треба да бидете активни за да се ослободите од него. Вие сте многу социјална личност и ви одговараат секакви активности.
Рак
Овие личности често не се разбрани од страна на другите, лесно може да бидат повредени, па затоа честопати се повлекуваат во себе, наместо да ги искажат своите чувства. Тие сакаат да се чувствуваат безбедно, дури и кога не се, па тогаш се создава стрес кој, откако ќе се преполни, ги открива вистинските чувства. Наместо да им пружите сигурност на другите, пружете си себеси. Практикувајте да медитирате и да го правите она што го сакате. Споделете ја својата мајчинска енергија со другите, така што можете да волонтирате или да помагате на кој било друг начин.
Лав
Лавовите сакаат да имаат контрола над сите нешта во животот и не им се допаѓа кога не знаат како ќе се одвиваат работите. Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието и да бидат лидери во сѐ, без разлика дали станува збор за деловниот или приватниот живот. Вие треба да научите како да ги оставите работите да се одвиваат самите, наместо да сакате да преземате водство во секој аспект на животот. Во ред е да барате од другите да ве сакаат и да ве почитуваат, но морате и вие да дадете нешто за возврат.
Девица
Личностите родени во знакот Девица размислуваат на логичен начин и се трудат да го направат најисполнет секој аспект од нивниот живот. Без да имаат некој план, тие се наоѓаат под стрес. Понекогаш се многу критички настроени кон себе и уживаат во професија кој бара огромно внимание. Тие ги решаваат проблемите со леснотија и им помагаат на другите. Меѓутоа, тешко е да се најдат корените на нивните проблеми. Запишувајте ги своите мисли на хартија, без притоа да треба да се проучувате себеси и другите.
Вага
Овие личности се под стрес кога другите не се однесуваат правилно кон нив. Тие мразат конфликти и со саати ќе размислуваат кој е повреден во ситуацијата и како треба да се реши проблемот. Вагите се знак на рамнотежа, па не сакаат нешто да остане нерешено или да им излезе од контрола. Тие се одлични во создавање хармонија и другите личности уживаат покрај нив. Вагите се однесуваат добро кон останатите, но тоа не секогаш им е вратено со иста мера. Затоа, ако некој ве нервира, вратете му во мала доза, но тоа нека ви биде умешно смислено. Вашиот карактер ќе ве заштити од понатамошни конфликти.
Скорпија
Скорпиите, како и Раковите, се чувствителни и ги кријат своите чувства во себе. Уживаат во својата приватност и вообичаено не сакаат да бидат опкружени со гласни или непријатни луѓе. Тие може долго време да го паметат злото и да се одмаздуваат. Затоа, бидете отворени ако нешто ви пречи и не дозволувајте другите толку да ви навлезат под кожа.
Стрелец
Стрелците мора постојано да бидат во движење, доколку сакаат да пронајдат мир. Тие не сакаат другите да им зборуваат што треба да прават и чувствуваат стрес кога мораат да ги следат правилата кои ги одредуваат другите. Тие се многу нестрпливи, импулсивни и не сакаат ситуации во кои мораат да се однесуваат „правилно“ или пак по нечии туѓи стандарди. Вие морате често да бидете надвор и во движење, со цел да не се чувствувате ограничено.
Јарец
Личностите родени во знакот Јарец имаат големи очекување од себе. Тие понекогаш работат премногу, при што не обрнуваат внимание на своите потреби. Сакаат да им кажуваат на другите што да прават и честопати им се мешаат во нивниот живот. Исто како и Лавовите, така и Јарците мора да бидат под контрола. Меѓутоа, животот не се одвива секогаш по планираното и треба да запаметите дека понекогаш треба и да се опуштите. Не сфаќајте ја работата премногу сериозно, туку дозволете си малку и да се забавувате.
Водолија
Овие личности се духовити, инвентивни и авантуристички. Тие не живеат по туѓите правила, затоа што тоа може да ги повреди. Полни се со возбудувања и секогаш покажуваат дека уживаат во што и да прават. Меѓутоа, овие личности понекогаш се и емотивно нестабилни, не сакаат кога некој ќе им каже дека не се во право и не им дозволуваат на емоциите да им го попречат патот. Запаметете дека не е сѐ онака како што вие си имате замислено, па подобро е да оставите работите да се развиваат сами по себе.
Риби
Рибите се многу таинствени, креативни и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Чувството дека се прикажуваат пред другите им предизвикува стрес и чувствуваат негативна енергија кога некој им го нарушува мирот. Сакаат тивка атмосфера и срамежливи се пред другите луѓе. Треба да одвоите повеќе време за себе и да научите како да се заштитите од негативната енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст