| четврток, 6 декември 2018 |

Руски Конзул пронајден мртов во својот стан во Атина!

Амбасадата на Русија во Грција соопшти дека конзулот на Русија во таа земја Андреј Маланин (55) починал во својот стан во Атина.

Како што се наведува, конзулот не се појавил утрово на работа и не одговарал на повиците, пренесе „Прото тема“.

Полицијата дошла во станот и го пронашла конзулот мртов. Моментално се води истрага за причините за смртта.

Според првичните информации, конзулот починал од природна смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top