Може да сте неверојатно секси и одлични во кревет. Може да имате секс и наутро и навечер и целосно да им ги исполнувате фантазиите на вашиот партнер. Сепак, ова не е доволно за вашето момче да клекне на колена. Всушност, тоа дури и не игра воопшто некоја голема улога.
Причината поради која мажите одлучуваат да го постават големото прашање, се наоѓа надвор од спалната соба. Сега се прашувате како да го натерате да се ожени со вас.
Едноставно, потрудете се да го направите подобар човек.
Сè започнува во моментот кога забележуваат дека нивниот автомобил и куќата се сè почисти. Но, подоцна забележуваат и други работи. Сфаќаат дека се трудите за нив и тие почнуваат да се грижат за вас. Сакаат да знаат како сте, бидејќи навистина им е важен автомобилот па виделе дека вие сте се погрижиле за него. Полека, малите работи кои порано воопшто не биле забележителни, сега стануваат важни.
Како жена, мора да сте вљубени во вашиот партнер, но не повеќе од што се сакате себеси. Некои луѓе сметаат дека тоа е самодоверба, но работите треба да се малку подлабоки од самодовербата. Самодовербата е она што може да го направиш, а љубовта кон себе е она што си.
Втората важна работа, која една жена може да ја направи е да дозволи љубовта да се случи. Кога партнерот се грижи за вас се чувствувате удобно и ценето не за она што го правите, туку за она што сте. Да дозволите да ве љуби значи да побара да ви го провери автомобилот и да му дозволите, да ви го наполни резервоарот за бензин и да му дозволите, иако знаете дека сето тоа можете и вие да го направите.
За еден маж да стане подобар човек, му треба простор и можност да го направи тоа. Накратко, разубавувајте му го животот и набрзо тој ќе сфати дека вие сте жената со која сака да го помине целиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст