| четврток, 6 декември 2018 |

Од куќа во скопско Булачани укаредни 10.000 евра

evra
Скопјанец си ја чувал заштедата во тегла, а дрзок крадец влегол преку прозорец и му собрал околу 10.000 евра во разни девизи.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера се случила тешка кражба во скопско Булачани.
Четириесетгодишниот Б.Ј. објаснил дека арамија преку прозорецот влегол во неговата куќа во Булачани и од под креветот украл тегла полна со пари.
Скопјанецот кажал дека во украдената тегла имало околу 595.000 денари во франци, евра, денари и долари.
Полицијата трага по сторителот, кој со богатиот плен избегал во непознат правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top