| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: По 54-та година животот оди кон подобро

Истражувања спроведени во 160 земји од целиот свет покажаа дека луѓето се најмалку задоволни кога се на возраст од 45-та до 54-та година од животот.

Со проблемот со „средовечната криза“ се занимавале наичници од повеќе земји, меѓу кои и од САД, Канада, Велика Британија и Австралија, кои се обиделе да дадат објаснување за оваа појава.

Тие консттарирале дека причина за оваа криза најверојатно е тоа што луѓето се изложени на големо количество на стрес и лутина во тој период од животот.

Но, интересно е дека тој период пак е многу погоден за продуктивност во работа, наведува „Индепендент“.
Научниците сепак заклучиле дека тоа е минлив период и дека по оваа „средовечна криза“ работите почнуваат да се менуваат на подобро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top