Во интервјуто за „Дневник“ Груевски зборува и за едно од барањата во платформата на албанските партии е и повеќе пари за Албанците од буџетот на Македонија. Тие сметаат дека повеќе придонесуваат отколку што добиваат, а ДУИ ДУИ е под постојан притисок од албанската опозиција дека Албанците во Македонија не добиваат доволно од буџетот.
-Тоа е тема што тешко може кратко во едно вакво интервју да се објасни. Треба поголем простор за дебата. Но ќе нафрлам нешто.
Некако можеби и може да се утврди кој колку придонесува во буџетот, иако нема да е лесно да се дефинираат критериумите и тоа ќе трае многу долго. Ако некој сака да почнеме таква постапка, јас сум за, само да нема каење потоа, откако ќе ги добиеме резултатите.
Но нека ми одговори некој како ќе пресметаме на кого се трошат парите кога ќе се гради автопат од Гостивар до Кичево или клинички центар во Скопје или кога станува збор за опрема за клиниката во Тетово итн. колку ќе се припише дека оди за Македонците, а колку за Албанците или Турците или останатите. Или пречистителна станица во Гостивар, чистење на каналите во Полог, колку ќе се припише дека е инвестиција за Македонците инвестиција, а колку за Албанците и по кој критериум. Што правиме со новите возови, градските автобуси во Скопје, трошоците за амбасадите во странство, авионите за гасење пожари, Македонската филхармонија, чистењето на коритата на реките, новите гасоводи… Ќе се заплеткаме во бескрајни математики и расправии.
Секоја албанска партија во опозиција, во сите овие 25 години ја критикува албанската партија на власт дека малку издејствувала за местата каде што претежно живеат Албанци. Во сите 25 години е исто, и така и ќе биде секогаш. Легитимна политичка борба. Но дали е тоа реалност е сосема друго прашање. Ова е тема што јас можам со секого да ја дебатирам, но бара повеќе време.
Од друга страна, во вакво време и преговори поставување услови од ваков тип не би било ништо друго освен еден вид политичка уцена. Тоа би било исто како наредниот пат ВМРО-ДПМНЕ да победи со 63 пратеници и да ја уценува некоја албанска партија која очекува да влезе во владината коалиција, да прифати буџет по мерка што ние ќе ја скроиме по некој наш аршин користејќи ја моментната предност со пратеници. А таа предност денес ја имаш, утре ја немаш.
Знаете, ние треба тука долгорочно да работиме и да се разбираме во позитивен дух, а не со препирки и уцени, и со пристап од денес до утре. Околностите ќе се менуваат, но ние граѓаните и партиите остануваме. Амбасадорите ќе си заминат по некое време, партиите во нивните земји ќе се менуваат, меѓународните околности се менлива ситуација. Дипломатите доаѓаат и си заминуваат, ние треба тука да живееме и да соработуваме. Кога се донесуваат одлуките, треба да се мисли и долгорочно освен краткорочно.
Јавноста е сведок дека албанските партии постојано се во офанзива, постојано имаат некакви барања, но Груевски додава дека не е само ДУИ таа која има да испорача барања, барања во овие 20 дена има да испорача и ВМРО-ДПМНЕ.
– Дали ДУИ може да бара нешто плус, најдобро би ви одговориле самите тие. Но, да се разбереме, ние говориме цело ова интервју за работи што ДУИ ги отвора. ВМРО-ДПМНЕ исто така има многу прашања да дискутира со ДУИ во наредните 20 дена. Имаме и ние свои барања. Има многу проблеми што ги засегаат Македонците и воопшто сите граѓани или ако сакате и Албанците и мора да ги отвориме со нив и да бараме решение. Има повеќе слабости, аномалии, непочитувања закони, непочитување претходно политички договорени нешта, слабости што произлегуваат од нивни кадровски решенија, несоодветна примена на некои закони итн. Ние имаме долг список точки за разговори со нив.
Ние не планираме да разговараме само за овие 2-3 работи. Има многу прашања што треба да се расчистат. Има огромно незадоволство на Македонците што живеат во средини во кои ДУИ има градоначалници или каде што мнозинството население се Албанци, а малцинското население се Македонци, вклучувајќи ја и примената на Охридскиот рамковен договор во тие места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст