| четврток, 6 декември 2018 |

Примерок од „Хари Потер“ со белешки од авторката продаден за 150 илјади фунти

Примерок од првото издание на „Хари Потер и каменот на мудроста“, кој содржи белешки и оригинални илустрации од авторката Џоан Роулинг, бил продаден на аукција во Лондон за 150 илјади фунти. Меѓу белешките на авторката се и напомени за процесот на пишување и дел од првиот нацрт на романот. Еден од нив покажува и како авторката на бестселерот го измислила спортот „квидич“. Книгата содржи 22 илустрации од авторката – цртеж на Хари Потер како бебе додека спие на куќниот праг и слика од Албус Дамблдор од „чоколадна жаба“, кој се спомнува во книгата.

Аукциската куќа „Сотби“ соопшти дека романот преминал во рацете на анонимен купувач, кој наддавал преку телефон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top