| четврток, 6 декември 2018 |

Ја ограбиле, а таа на крадецот му пратила порака по Фејсбук

nina

Хрватската манекенка Нина Мориќ била ограбена сред бел ден во Салерно, Италија.
Мориќ, која веќе со години живее и работи во Милано, настанот го опишала на Фејсбук. За среќа, разбојникот не ја повредил, само и ја украл чантата.
Нина на својот Фејсбук профил напишала дека крадецот нема премногу да се израдува со она што го украл.
Манекенката раскажала дека додека седела во автомобил покрај железничка станица во Салерно и пришол маж и низ отворениот прозорец ја зграпчил чантата од задното седиште и побегнал.
– Бисеру, внатре ќе најдеш само две шишиња оцет. Генијален улов – напишала саркастично Нина Мориќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top