| четврток, 6 декември 2018 |

Француски пикник во градинка

Француската градинка денеска организира Француски пикник на кој ќе се изнесат сите ставови за важноста на квалитетното образование кај децата.На францускиот пикник учество ќе земат: Билјана З. Кракутовска – Директор на Француската градинка и основно училиште и претставници од Амбасадата на Република Франција во Македонија.

Раното детство претставува клучна фаза во животот во однос на физичкиот, интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој. Растот на менталните и физичките способности како и учењето кај децата зазема најголем процент во периодот од раѓањето па се до шест годишна возраст. Во овој период на децата им е потребна квалитетна нега и многу учење.

Образованието кај децата започнува со моментот кога се раѓа новороденчето и продолжува кога детето почнува да посетува институции за предучилишно образование.

Се вели дека образованието е пасошот за подобро утре, тоа никогаш не ја губи својата втредност. Образованието ги насочува децата како да размислуваат, како да функционираат правилно, како да носат правилни одлуки, и на крај, само образованите можат максимално да го искористат својот потенцијал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top