Денеска истекува рокот кога претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, треба да го довери мандатот за формирање влада на кандидат на партијата, односно партиите што освоја најголем број мандати на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година.
Деветтиот македонски парламентарен состав, кој има 120 народни избраници, се конституираше на 30 декември минатата година. Најмногу пратеници има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 51. Коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ – 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2. Во овој парламентарен состав нема народни избраници од дијаспората поради недоволен број освоени гласови.
Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Претседателот Иванов викендов одговарајќи на новинарско прашање кога и на која партија ќе ѝ го додели мандатот за формирање влада со оглед на тоа што тече рокот, рече дека ќе постапи како што е наведено во Уставот.
Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, пак, на новинарско прашање за тоа дали очекува да биде заварден крајниот рок за доделување на мандатот, рече дека очекува целата процедура да биде во утврдените рокови, во согласност со законите.
ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, на 7 јануари ја објавија заедничката платформа, која ќе биде нивна основа во преговорите за создавање нова влада. Заедничката политичка агенда на трите партии предвидува целосна јазична еднаквост, односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, економска рамноправност, решавање на спорот за името со вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, како и брза интеграција во НАТО и во Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст