Српската кошаркарска легенда Владе Дивац викендов заедно со Жарко Паспаљ го посетиле поранешниот нивен соиграч Предраг Даниловиќ, по што завршил повторно во Клиничкиот центар во Белград.
Според информациите на српските медиуми, Дивац викендов повторно морал да биде задржан во болница поради крвавење на чирот, наводно го погодила средбата со поранешниот соиграч.
Сопругата на Дивац на Твитер соопштила дека тој повторно е во болница.
– Владе повторно прокрвави, повторно во болница. Утрово повторно адвокати, па одам во болница… Значи вообичаен ден за нашето семејство во Србија, напишала Снежана на Твитер.
Неговиот најдобар пријател Жарко Паспаљ е уверен дека се ќе биде во ред со Дивац и дека брзо ќе излезе од болница.
– Изгуби доста крв, но сега е добро. Му треба долга рехабилитација. Пред два дена бевме во посета на Даниловиќ. Изгледаше исцрпено и вознемирено. Дури и му реков дека мора да води грижа за здравјето, рекол Паспаљ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст