| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување: Јадете банани додека има

Бананите се најпродавано овошје на планетата. Но, вакви какви што ги знаеме, се пред уништивање. 99% од бананите што се јадат во развиените земји се од сортата „кевендиш“, а токму оваа сорта е загрозена поради габичното заболување TR4.

„Во моментов немаме ефикасен начин за борба против типот TR4 и кога заразата ќе ја зафати плантажата, може да опстане на таа почва со децении“, објави кон крајот на минатата година ФАО.

TR4 е откриен во југоизточна Азија во деведесеттите години и оттогаш се прошири во Африка и делови на Блискиот Исток. Кога ќе ја зафати Индија, последиците ќе бидат погубни.

Во светот има околу 1500 сорти банани. Уште не е утврдено дали некоја од нив би можела да послужи како замена за „кевендиш“, но можеби можат да помогнат да се развие сорта која ќе биде отпорна на TR4.

“Кевендиш” стана примарна сорта банани во шеесеттите кога поради слично заболување исчезна сортата „грос мишел“.

Оние кои ги вкусиле двете сорти, велат дека „грос мишел“ била повкусна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top