Турската полиција успеа да го утврди идентитетот на напаѓачот на ноќниот клуб „Реина“ за време на новогодишната прослава, кога се убиени 39 лица, објави весникот „Дејли сабах“.
Весникот посочува дека најверојатно напаѓачот е Узбекистанецот, Абдулгадир Машарипов, познат како Абу Мухамед Хорасан.
Турската полиција интензивно трага по осомничениот, кој се уште е во бегство.
Истрагата утврди дека напаѓачот сменил шест саржери и испукал повеќе од 180 куршуми.
Турски официјални лица претходно соопштија дека е утврден идентотетот на напаѓачот, но не го открија неговото име, а медиумите објавија фотографија на Јехе Машпаров, роден на 2. август 1988 година во Киргистан. за кого веруваа дека е извршител на нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.